Хроника 30. јануари 2019. / 10:38

Прегазен пешак во Битола возачот побегнал

Прегазен пешак во Битола возачот побегнал

Синоќа во 23.05 часот на улица „Васко Карангелески“ во Битола, непознато возило управувано од непознато лице удрило во пешакот С.В.(55) од Битола и го напуштило местото на настанот.

Од ударот пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница Битола.

Увид извршила екипа од СВР Битола.