Хроника 01. декември 2018. / 11:07

Прегазен пешак, починал на самото место

Прегазен пешак, починал на самото место

Возач со автомобил удрил во пешак и го усмртил, вчера во Македонска Каменица.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила во 15.40 часот на улицата 28-ми Август.

Возачот Т.Н.(40) од Кочани, управувајќи автомобил „мерцедес“, удрил во пешакот А.Б.(87) од Македонска Каменица. Од ударот пешакот починал на самото место.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ПС Делчево