Хроника 03. март 2019. / 12:00

Прегазен пешак кај Облешево

Прегазен пешак кај Облешево

На магистралниот пат Штип-Кочани, кај с.Облешево, синоќа се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П. В. (53) од с.Вељуса-Струмица, удрило во пешакот В. П. (74) од с.Облешево.

Со тешки телесни повреди се здобил В.П. кој бил пренесен во Клиничка болница-Штип.

По овластување на јавен обвинител, увид на лице место извршила екипа од ПС-Кочани. Се работи на расчистување на случајот.