Хроника 16. јуни 2020. / 16:09

Пред судот во Радовиш се случила масовна тепачка

Пред судот во Радовиш се случила масовна тепачка

На 15.06.2020 во 09.20 часот било пријавено дека пред Основен суд во Радовиш бил нарушен јавниот ред и мир.

Со физичка пресметка помеѓу А.И.(23), А.И.(29), А.И.(44), Р.И.(42) и Е.Ј.(48), од една страна и А.Ш.(22), Н.Н.(41), Е.Н.(28), И.Н.(66) и У.Н.(17), од друга страна, сите од Радовиш. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.