Хроника 04. август 2019. / 22:18

Пред пожарот имало експлозија во зградата во Скопје

Пред пожарот имало експлозија во зградата во Скопје

Брзата интервенција на скопската Противпожарна единица спречи оггнот кој вечерва избувна во стан во познатата „Папагал-зграда“ во Скопје, да земе поголем замав.

Како што велат оттаму за „Република“ пожарот е веќе изгаснат, а причините за пожарот сè уште не можат со сигурност да ги потврдат, но според жителите на зградата, најверојатно, огнот бил предизвикан од плинска боца.

Пред избувнувањето на пожарот се слушнала силна експлозија што ги вознемирила не само соседите, туку и граѓаните во близина.

Засега нема информација за повредени лица, но е причинета поголема материјална штета.

За време на интервенцијата, сообраќајот беше запрен на булеварот „Климент Охридски“, на чија раскрсница се наоѓа оваа шарена зграда во Центар.