Хроника 10. април 2020. / 20:21

Пред да започне полицискиот час скопјани се тепале на улица

Пред да започне полицискиот час скопјани се тепале на улица

Во Скопје се повеќе има тепачки поради несогласувања во сообраќајот, а тие зачестија сега кога наближува полицискиот час, а граѓаните се нервозни да стигна да пазарат и да појдат дома пред тој да почне.

Вчера во 17.00 часот во Полициска станица Ѓорче Петров, Н.А.(43) од Скопје пријавил дека во 14.45 часот на ул.„Борис Сарафов“ во Скопје, по претходно недоразбирање околу сообраќајот, бил физички нападнат од непознато лице.

МВР информира дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.