Хроника 25. мај 2020. / 19:00

Правеле журка, нападнале полицајци, па почнале да бегаат

Правеле журка, нападнале полицајци, па почнале да бегаат

Утрово во 4 часот, до полицијата стигнала поплака за гласна музика во с. Кучевиште, скопско на ул. „4“ во близина на црквата “Св.Спас“, во семејната куќа на лицата Љ.К. и В.К..

Полициските службеници кои интервенирале, физички биле нападнати од двајцата браќа, кои биле во видно алкохолизирана состојба.

Потоа, Љ.К. и В.К. се дале во бегство, но набргу биле пронајдени и приведени во Полициската станица Чаир.

По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.