Хроника 28. февруари 2021. / 17:20

Пратеник се дерел по граничната полиција на Блаце: Никаде не чекам ред, а нема ни тука!

Пратеник се дерел по граничната полиција на Блаце: Никаде не чекам ред, а нема ни тука!

На граничниот премин „Долно Блаце“, вчера во 18 и 25 часот, жител на Скопје кој се претставил како пратеник во Собранието, на висок тон се обратил на полициските службеници со образложение дека никаде не чекал ред и дека ни тука нема да чека.

Против него, како што информираат од МВР ќе биде поднесени неколку пријави за прекршоците против јавниот ред и мир, избегнување гранична контрола и престигнување колона.

-На 27.02.2021 во 18.25 часот на Граничен премин „Долно Блаце“, А.С.(60) од Скопје, кој се претставил како пратеник во Собранието на РСМ и кој бил со неговото семејство со патничко возило „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, на висок тон се обратил на полициските службеници со образложение дека никаде не чекал ред и дека ни тука нема да чека, стои во билтенот на МВР.

По целосно документирање на случајот, против А.С. ќе бидат изготвени поднесоци по член 4 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, по Законот гранична контрола (избегнување гранична контрола) и по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (престигнување колона).