Хроника 20. август 2019. / 22:33

Познат идентитетот на загинатиот работник кој работел на зградата на ФФМ

Познат идентитетот на загинатиот работник кој работел на зградата на ФФМ

Педесет и шестгодишен работник денеска попладне паднал додека изведувал работи на зградата на ФФМ и починал на лице место.

Во 16:06 часот пријавено е дека на булевар „АСНОМ“ В. П. (1963) од Скопје, вработен во фирма, паднал додека изведувал работи на зградата на ФФМ и починал на лице место. Упатени кон местото на настанот беа полициски службеници како и Државен трудов инспектор, се првичните информации од МВР. (МИА)