Хроника 23. март 2019. / 13:05

Познат идентитетот на удавеното момче во Вардар

Познат идентитетот на удавеното момче во Вардар

Утрово околу 10 часот од водите на Вардар, меѓу селата Форино и Чегране беше извлечено безживотното тело на младиот гостиварец.

Според информациите од СВР Тетово, се работи за 20-годишниот Ј.М. Од таму информираат дека откако неговото тело било извлечено од реката, лекар ја констатирал смртта и немало траги на насилство.

По наредба на Јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.