Вчера во 13.50 часот било пријавено дека настанал пожар на планината Беласица на македонска територија во правец на место викано „Тиха долина” и место викано „Сарикаја”, помеѓу селата Банско и Свидовица.
Пожарот бил локализиран во 17.40 часот од екипата на Територијалната противпожарна единица Струмица и работници на ПШС-Беласица.
Во пожарот биле зафатени околу 105 хектари високо стеблеста шума бука и бел бор. Увид ќе се врши во текот на денот.