Пожарникар во охридската Пожарна со тешки телесни повреди е пренесен на хируршкото одделение при Општа Болница од како бил нападнат од страна на негов колега кој и претходно физички нападна и повреди неколку негови колеги.
Инцидентот се случил околу 10 часот и 30 минути кога во просториите на Пожарната влегол пожарникарот кој сега веќе постојани ги тепа своите колеги и го извршил нападот.
Претходно пожарникарите се подготвуваа на протест да ги исфрлат своите униформи пред Локалната самоуправа бидејќи на работа биле постојано малтретирани и тепани.