Во полициската станица Гази Баба вчера во 15 часот било пријавено дека на автопат кон село Стајковци, поточно во село Страчинци, имало пожар.
Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека гори сува трева и никостеблети дрва. Пожарот бил локализиран од екипа на Противпожарната единица Скопје.