Хроника 04. септември 2018. / 12:36

Пожар во скопско Љубош – изгоре интернет кафе

Пожар во скопско Љубош – изгоре интернет кафе

Утринава околу 04:50 минути избувнал пожар во куќа во сопственост на 84-годишен жител од селото Љубош, скопско.

Пожарот, според инфомрации од полицијата избувнал на долниот кат од куќата, кој бил даден под наем на 30-годишен жител на истото село. Местото во кое избил пожарот, било наменето за интернет кафе.

Во пожарот, инфомираат од МВР изгореле 10 компјутери, монитори и инвентарот за објектот. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита, а увид на местото ќе се врши во текот денот.