Хроника 28. септември 2018. / 13:18

Пожар во скопско – изгоре голема површина на шума

Пожар во скопско – изгоре голема површина на шума

Вчера околу 13 часот забележан бил пожар на место викано „Чело“ атар на село Грачан, скопско при што горела мешана шума и сува трева.

За пожарот веднаш била известена Противпожарна екипа Скопје, но поради непристапен терен истите не биле во можност да интервенираат.

До 17 часот изгореле околу 20.000м2 мешана шума и сува трева.