Хроника 12. март 2020. / 11:05

Пожар во подземни гаражи во Скопје: Две деца во болница и укажана помош на 15 лица

Пожар во подземни гаражи во Скопје: Две деца во болница и укажана помош на 15 лица

Пожар утринава околу 3:30 часот се случил во подземни гаражи на ул.„Седма албанска бригада“ во скошски Чаир.

Од полицијата информираат дека во пријавениот пожар опожарени се три возила, и тоа: „Ауди“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Н.Б., „Опел астра“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.К. и „Фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, додека оштетено било и возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а од екипа на Итна медицинска помош била укажана помош на лице место на 15 станари кои вдишале чад и сите се во добра здравствена состојба, додека две деца, поради вдишување чад биле пренесени на опсервација во Клиника за токсикологија, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.