Вчера околу 11.20 часот во Тетово на улица 108 во куќа сопственост на С.А.(34), на приземјето настанал пожар при што бил опожарен мебелот во две простории.
Пожарот е изгаснат од екипа на Противпожарна единица Тетово. Од пожарот причинета е материјална штета од околу 900.000 денари.