Хроника 20. септември 2018. / 18:02

Повторно запален автомобил во Скопје

Повторно запален автомобил во Скопје

Утрово во 4.05 часот, пријавено е дека на улица Христо Смирненски во Скопје непознато маскирано лице фрлило предмет кон возило „БМВ Х5“ со скопски таблици, сопственост на Х.Т.(25), по што настанал пожар.

Возилото било управувано од неговиот татко З.Т.(58), кој последен пат го паркирал возилото околу 16 часот на 19.09.2018 година на наведената адреса.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Противпожарната единица.