Во близина на болницата „Свети Еразмо“ во Охрид, повторно е запалена трска, објави Охридпрес.
На терен е излезена екипа на охридската противпожарна единица, која се очекува наскоро да ја стави состојбата под контрола.
Ова е само продолжување на колективната неодговорност, која кулминираше периодов наназад во поширокиот регион на Струга, но и Охрид не е имун на ова „лудило“.
Во овој период од годинава, пожарите на трската се „редовна појава“, и за жал одговорните премалку или скоро ништо не прават за да се превенираат или спречат ваквите немили настани.
Зрак надеж влева фактот што дури вчера излезе информација дека обвинителството во Струга повело постапка против две лица за сечење на трската покрај езерото и против инспектор по природа од Министерството за животна средина, затоа што одбил да излезе на лице место во моментот кога се сечела трската и да преземе дејствија по барање на јавниот обвинител.
Во соопштението од обвинителството се наведува дека двајцата осомничени уништувале добро што е под привремена заштита.
– Еден ја сечел трската, а другиот го нарачал сечењето за да се сопре природниот раст. Тие постапиле спротивно на Законот за заштита на природата, во кој Охридското Езеро е класифицирано како споменик на природата и каде не се дозволени активности со кои се загрозуваат неговите обележја и вредности, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.
Инспекторот, пак, против кого е поведена постапка за сторено кривично дело се сомничи дека ја попречувал на правдата