Хроника 03. март 2019. / 14:57

Повеќе од пет тепачки се случиле вчера во Скопје

Повеќе од пет тепачки се случиле вчера во Скопје

На 02.03.2019 околу 04 ч. е пријавено дека во Скопје на ул.„Гоце Стојчевски“, Ч.Л. бил физички нападнат од страна на три лица, кои му одзеле паричник и часовник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.03.2019 во 01,45 часот Ѓ. М(41) од Струмица пријавил дека околу 00,30 часот во угостителски објект во трговски центар од страна на Н.Ј. физички бил нападнат неговиот малолетен син. Се работи на целосно расчистување на случајот.

На 03.03.2019 год. во 02.30 часот И.Ц. (36) од Скопје пријавила дека на ул.Горно Лисиче пред угостителски објект  била физички нападната од М.Т. (31) од Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

На 03.03.2019 во 01 ч. пријавено е дека на ул.Фрањо Клуз во Скопје Д.Т. (18) од Скопје физички бил нападнат од три лица. Се работи на рачистување на случајот.

На 02.03.2019 во 16.30 ч.  во Полициската станица-Тетово  Д.А(24) од Тетово пријавил дека истиот ден околу 02.30 часот пред угостителски објект на ул.„Иво Лола Рибар“ бил физички нападнат од страна на едно лице. На Д.А. му била укажана лекарска помош во Клинички центар Тетово. СВР Тетово работи на целосно расчистување на случајот.