Хроника 23. јули 2020. / 13:58

Поведена постапка за 14 скопјани поради непочитување на полицискиот час

Поведена постапка за 14 скопјани поради непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Скопје против 14 лица поднесе предлози за издавање казнени налози за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопштија од ЈО, обвинетите без дозвола се движеле за време на важечки полициски час со што не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Македонија.

За обвинетите е предложена парична казна од 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.​