Хроника 30. април 2018. / 19:37

Потрагата траеше и денес: Полицијата трагаше по телата на косовските колеги кои влетаа во Лепенец (ВИДЕО)

Потрагата траеше и денес: Полицијата трагаше по телата на косовските колеги кои влетаа во Лепенец (ВИДЕО)

Потрагата по двајцата косовоски полицајци, кои завчера вечерта излетаа со возило во реката Лепенец продолжува од двете страни на границата. Се претпоставува дека е можно телата да бидат пронајдени и однесени од реката на македонската страна од границата.

Потрага освен на косовската страна се прави и долж течението на реката Лепенец, на македонскиот граничен појас, во близина на селото Блаце. Во потрагата се вклучени големи полициски сили, противпожарни единици, нуркачки екипи.

Двајцата полицајци се дел од полициската станица од Качаник, а несреќата се случила за време на патрола на излез од градот, кога службеното возило во кое биле од непознати причини излетало од патот во провалија длабока 150 метри и завршило во водите на Лепенец.

Извор: ТВ 21