Хроника 04. март 2021. / 18:21

Постојат дојави за повици на масовно самоповредување на малолетници на мрежата „ТикТок“

Постојат дојави за повици на масовно самоповредување на малолетници на мрежата „ТикТок“

По најавите дека низ светот се шири опасен предизвик на социјалната мрежа „ТикТок“, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил повика на внимателно користење, бидејќи постојат информации за масивни повици за самоповредување на малолетници.

– Апелирам за внимателно користење на социјалните мрежи. МВР од страна на Интерпол доби информација дека на профили на социјалната мрежа „Тик Ток“ во Русија и Израел се забележани повици за самоповредување на малолетни лица. Апелирам до граѓаните, особено до родителите да обрнат внимание на активностите на своите деца на социјалните мрежи. Спорeд досегашните сознанија, вакви повици нема од профили на наша територија ниту од околните држави, но апелираме на будност и надзор со цел да се избегнат било какви несакани случувања, пишува министерот Спасовски на својот Фејсбук профил.

Апелирам за внимателно користење на социјалните мрежи. МВР од страна на Интерпол доби информација дека на профили на…

Posted by Oliver Spasovski on Thursday, March 4, 2021