Хроника 16. август 2019. / 11:44

Поранешен припадник на ИСИС во Воена болница ги вознемири граѓаните

Поранешен припадник на ИСИС во Воена болница ги вознемири граѓаните

Врие полиција пред новата Градска болница во Скопје каде на итен лекарски преглед е однесен затвореник кој е поранешен припадник на терористичката организација ИСИС, дознава „Слободен печат“.

Болниот затвореник низ ходниците на низа прегледи денеска го носеле низ болницата полицајци со автоматско оружје во рака, а дел од нив и со црни маскирни „фантомки“.

Голем број од граѓаните за „Слободен печат“ велат дека се вознемирени од вооружените полицајци.