Хроника 17. мај 2019. / 16:37

Поранешен градоначалник на Македонски Брод заработи кривична пријава

Поранешен градоначалник на Македонски Брод заработи кривична пријава

Поранешен градоначалник на Македонски Брод заработи кривична пријава поради злоупотреба на службената положба, пренесува МВР.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Македонски Брод поднесе кривична пријава против М. В. (60) од Македонски Брод поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. На 03. 03. 2017 година пријавениот како градоначалник на општина Македонски Брод, по претходно склучен договор за јавна набавка на услуги помеѓу општина Македонски Брод и фирма од Охрид, исплатил фактура од 277.300 денари на наведеното правно лице, и покрај тоа што истото не ги исполнило обврските од договорот, така што била нанесена штета на буџетот на општина Македонски Брод, велат од МВР.