Хроника 01. март 2020. / 10:41

Поради сообраќајка во прекин патот Гостивар-Кичево

Поради сообраќајка во прекин патот Гостивар-Кичево
Илустрација

Поради сообраќајна незгода кај кичевското село Трапчин Дол, во целосен прекин е сообраќајот на магистралниот пат Кичево-Скопје на делот од Гостивар до Кичево.

Како што информира АМСМ, сообраќајот е во прекин од 9.50 часот.