Поради одрони, прекин на сообраќајот од синоќа од 21.30 часот има кон граничниот премин Пелинце, информира Авто мото сојузот на Македонија.
Утринава врне снег на Попова Шапка, но засега нема прекин на сообраќајот.
Надвор од градските средини, интензитетот на сообраќајот е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.