Хроника 27. мај 2020. / 13:46

Полицискиот час заврши, но се уште има предложени казни од по 2.000 евра за негово непочитување

Полицискиот час заврши, но се уште има предложени казни од по 2.000 евра за негово непочитување

Против вкупно 21 лице Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози поради непочитување на полицискиот час.

Според ЈО, обвинетите не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и биле затекнати како се движат на различни локации за време на полицискиот час. ЈО предложи парични казни од по 100 дневни глоби со висина на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.​