Хроника 22. ноември 2020. / 12:22

Полицијата во Гостивар растури семејна веселба со 70 гости, кривична пријава за сопственикот

Полицијата во Гостивар растури семејна веселба со 70 гости, кривична пријава за сопственикот

Полицијата синоќа растурила семејна веселба во ресторан во селото Здуње, во сопственост на 59-годишен гостиварец.

Откако стигнала пријавата, полицајци излегле на терен и во локалот на самото место затекнале околу 70 гости.

Бил повикан и инспектор од Државниот пазарен инспекторат.

Сопственикот на ресторанот ќе добие кривична пријава за делото непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.