Полицијата вечерва открила нов случај на криумчарење мигранти близу македонско-грчката граница.
Станува збор за група од повеќе од 60 мигранти пронајдени во камион со скопски регистарски таблички близу селото Миравци. За настанот е известено обвинителството за гонење организиран криминал, кое е надлежно за овие случаи.
Неофицијално, возачот на камионот е од Скопје и против него утре ќе биде поднесена кривична пријава. Во последните недели зачестија обидите за криумчарење мигранти во земјава, особено откако Турција ја крена рампата за нивен трансфер кон Грција и Бугарија.