Хроника 06. февруари 2020. / 11:08

Полицијата вчера приведе двајца млади, кај кои биле пронајдени ножеви

Полицијата вчера приведе двајца млади, кај кои биле пронајдени ножеви

Полицијата вчера приведе двајца млади на возраст од 18 и 20 години, какј кои биле пронајдени ножеви.

Како што соопшти МВР, во средата во 18.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Кузман Јосифоски-Питу“ го привеле А.Ќ.(18) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него бил пронајден нож. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Истиот ден, во 23.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Петар Чулев“ го привеле Н.С.(20) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него бил пронајден нож. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.