Хроника 31. јануари 2019. / 15:51

Полицијата уапси разбојници од Скопје

Полицијата уапси разбојници од Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Ј.А.(20) поради постоење на основано сомнение дека сторил две кривични дела „разбојништво“ и против А.Б.(22) поради постоење на основано сомнение дека сторил едно кривично дело „разбојништво“, при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 97.200 денари.

Едното кривично дело од страна на А.Б. и Ј.А. е извршено на 23-ти овој месец, кога од продажен салон на булевар „Крсте Петков Мисирков” во Скопје одзеле пари.

Додека, второто дело е извршено 25-ти, исто така, овој месец кога Ј.А. од едно лице на улица „Бутелска“ во Скопје одзел пари. Лицата се лишени од слобода и по извршен разговор ги признале и појасниле делата.