Вчера на патот Охрид-Кичево се случила тешка сообраќајна несреќа, во која црн автомобил „Туарег“ со швајцарски таблици „ZH…“, удрил во мотоциклист и избегал од местото на несреќата.
Како што објавуваат очевидци на социјалните мрежи, моторот се запалил, а за среќа мотоциклистот е жив, но повреден.
По објавениот апел на ФБ страницата ,,Ѕид на сообраќајниот срам“, и други учесници во сообраќајот на оваа делница, се пожалија дека имале блиска средба со истото возило, коешто цело време на полна линија претекнувало други возила.