Вчера попладне од планината Кожуф полицијата со хеликоптер спасувала 28-годишен планинар од Богданци.
Вчера во 14.00 часот во Полициската станица Гевгелија, А.Д.(28) од Богданци пријавил дека на планината Кожуф, на место викано „Сува рупа“, на непристапен терен, се лизнал и ја скршил ногата.
Од екипа од Единицата за специјални задачи при МВР, со хеликоптер на МВР, повредениот бил извлечен и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош.
Увид извршила екипа од Полициската станица Гевгелија, се наведува во соопштението од МВР.