Хроника 18. ноември 2019. / 18:56

Полицијата пронајде и приведе седум мигранти од Сирија кај кумановска Речица

Полицијата пронајде и приведе седум мигранти од Сирија кај кумановска Речица

Синоќа пронајдени се и приведени седум мигранти од Сирија, во реонот на кумановското село Речица.

Како што соопшти МВР, полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор „Белановце”, синоќа околу 22.30 часот, во реонот на Речица, забележале возило „рено еспејс”, кое превезувало мигранти.

Полициски службеници го пронашле возилото, а во негова близина пронашле и седум лица мигранти од Сирија. Мигрантите биле предадени во Прифатниот транзитен центар во Скопје за понатамошна постапка, наведуваат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.