Полицијата трага по Владимир Панчевски, поранешниот претседател на Кривичниот суд, јавува „Фокус“.
За него е издаден налог за апсење, откако во текот на вчерашниот ден велешкиот суд му одреди мерка притвор, бидејќи не се појавувал на рочиштата за случајот „АКМИС“, во кој е обвинет.
Како што дознава „Фокус“, полицијата синоќа го барала во неговиот дом, но тој не бил таму. Денеска го бараат на повеќе локации, на кои би можел да престојува.
МВР постапува по судска наредба за приведување на лицето В.П и во моментот кога ќе бидат создадени услови – ќе биде лоциран истиот ќе биде приведен – велат од МВР за “„Фокус“.