Хроника 04. август 2020. / 10:56

Полицијата лови тркачи со мотори

Полицијата лови тркачи со мотори

Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна безбедност во координација со Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 3 август во времето од 07,00 до 24,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи на мотори кои организираат и учествуваат во „диви трки“ на подрачјето на Скопје.

Притоа одземени се четири мотоцикли кои ќе бидат упатени на вонреден технички преглед заради контрола на техничката исправност и фреквенција на бучавост, соопшти полицијата.