Хроника 21. април 2019. / 18:22

Полицајци пронајдоа 58 мигранти во комбе

Полицајци пронајдоа 58 мигранти во комбе

При контрола на возило „Форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, на автопатот Гевгелија-Скопје, полициски службеници вчера пронашле 58 мигранти од кои 56 од Пакистан и двајца од Сирија.

Поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ биле приведени Д.Ј.(22) од Богданци и Ѓ.И.(27) од Гевгелија.

По преземени мерки било приведено и лицето К.Р.(34) од Косово. Мигрантите биле предадени во Прифатниот центар Гевгелија и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.