Хроника 03. август 2018. / 15:45

Полицајци нападнати пред црквата „Св. Никола“ – приведени три лица

Вчера во 17:30 часот пред црквата „Св.Никола“ во село Псача, кривопаланечко, тројца полициски службеници забележале нарушување на јавниот ред и мир од страна на лицата Н.Д и Т.Д. од Крива Паланка и Н.Д. од село Псача.

При преземање мерки, В.М., А.М. и Р.М., сите од село Псача, физички ги нападнале полициските службеници.

Лицата се приведени во полициска станица и по целосно расчистување на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.