Хроника 25. јули 2019. / 15:21

Полицајци на Ќафасан редовно земале пари од патници од Албанија

Полицајци на Ќафасан редовно земале пари од патници од Албанија

Гранична полиција на преминот Ќафасан им зема пари на патниците од Албанија. Ова се случувало подолг период и според нашите информации цел најчесто се патници од Албанија кои доаѓаат на сезонска работа во земјава.

Случајот е пријавен во полиција, а на социјалните мрежи се објавени видеоснимки на кои се гледа земањето пари – по 10 евра од секој сезонски работник. Внатрешна контрола на МВР отворила истрага за тројца полицајци со иницијали А.В, А.З и Ш.М.