Полициски службеник од Кочани при спроведени посебни истражни мерки е фатен во недозволена продажба на дрога – марихуана по што од страна на Јавен обвинител му е одредена мерка притвор од 30 дена, соопшти Основното јавно обвинителство од Кочани.
Имајќи ги предвид околностите, тежината на кривичното дело и запретената казна од три до десет години затвор, надлежниот јавен обвинител, оценил дека се исполнети условите за определување на мерка притвор, соопшти Основното јавно обвинителство од Кочани.