Хроника 24. септември 2018. / 16:26

Полицаец направил сообраќајка, повредил малолетник и избегал

Полицаец направил сообраќајка, повредил малолетник и избегал

Полицаец во СВР Струмица М.Р (30) управувајки мотоцикал со бугарски таблици, учествувал во сообраќајна незгода, во која полесно бил повреден малолетник. По сообраќајката, што се случила на 5 август годинава, полицаецот избегал од местото на насреќа.

„Цариникот В.Р.(54) вработен во Царинска испостава Ново Село и татко на полицаецот, ја искористил службената положба и со цел да не го одземат мотоциклот, кој бил во сопственост на третопријавениот В.Т. (31) од селото Куклиш, со фалсификувани документи за царинење на моторцикл, отпочнал постапка за царинење во име и за сметка на третопријавениот“, велат од СВР Струмица.

Против полицаецот е поднесена кривична пријава за загрозување на безбедноста во сообраќајот и за неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.