Хроника 18. септември 2018. / 16:34

Полицаец нападнат во Прилеп

Полицаец нападнат во Прилеп

Во текот на вчерашниот ден во 22:50 часот во Полициска станица Прилеп е пријавена поплака од страна на лицето Б.Ц. од Прилеп. На местото на настанот се упатиле двајца полициски службеници при што затекнале, патничко моторно возило „Ауди 100“, и лицата К.И. и пријавителот Б.Ц. кои започнале вербална расправија, информираат од МВР.

Од страна на полициските службеници се преземени мерки со цел да ги разделат, легитимираат и да ги предупредат лицата. Во еден момент лицето К.И. истрчало кон еден полициски службеник и го удрило во пределот на вратот и рамото.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.