На селските гробишта во родното село Јеловјане, тетовско, денеска беше погребан 36 годишниот Бекир Алили, кој беше убиен во петокот во близна на прилепското Беловодица. Осомничен за убиство е Енвер Т, 24 годишен полицаец од Битола, на кого му е одреден притвор од 30 дена. Тој прво го застрелал, а потоа го запали неговото тело. Жителите на Јеловјане денеска излегоа на мирен протест, револтирани што полициски службеник, еден од оние кои треба да ги штити граѓаните, е осомничен за свирепото убиство.
„Го изврши тоа полицаец, примен во МВР. Треба да се знае кој се вработува таму, дали е психички и физички подтготевн. Албанец бил, Македонец бил, нека влезе. МВР треба да прима здрави луѓе, пиштол им даваат“, изјави жител на Јеловјане.
Полицаецот, беше уапсен во саботата два часа по полноќ, а вчера пред обвинител се бранел со молчење, иако претходно при распитот во полиција во детали го опишал настанот и убиството. Кажал дека по претходен договор со сега убиениот, се сретнале во петокот во 14, 30 часот за да му продаде возило по цена од 3600 евра, сопственост на трето лице.
Потоа се упатиле кон Беловодица каде наводно ги чекал сопственикот за Алили да го плати автомобилот. Кога стигнале пред влезот на селото, Енвер го застрелал со 4 куршуми од службениот пиштол, одзел од него ташна со 4000 евра, потоа му ставил на главата капа, го полил со бензин, го запалил и се вратил Битола. Роднините во Јеловјане тврдат дека убиството било планирано.
„Стигнале во Прилеп, внукот му рекол „каде се луѓето колата да ја видам“. Полицаецот му рекол дека во селото Беловидица чекаат, а таму немало ни кола, ни ништо. кога стигнале му ги побарал парите,а, внукот побарал да ја види колата па да му ги даде парите. потоа полицаецот извадил пиштол и стрелал во главата“, вели вујко на убиениот Фејзула Зекири од Јеловјане.
Инаку убиениот Бекир Алили, со семјеството живееше во Битола каде имаше колонијална продавница, а со осмничениот се познавале долго време.