Хроника 07. декември 2020. / 13:42

Поднесено обвинение за родосквернавење за скопјанецот кој извршил обљуба врз сопствената ќерка

Поднесено обвинение за родосквернавење за скопјанецот кој извршил обљуба врз сопствената ќерка

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 62-годишен скопјанец, кој се товари за кривично дело – Родосквернавење од член 194 став 1 во врска со член 12 став 2 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, на 9 ноември во неговиот дом, во состојба на битно намалена пресметливост како резултат на психичка болест – токсикомански алкохолизам, се нафрлил и извршил обљуба врз неговата ќерка. Оштетената постојано се противела и го туркала, но не успеала да се оттргне од обвинетиот кој бил во алхололизирана состојба.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор, поради опасност од бегство, можност обвинетиот да влијае врз сведокот/оштетената и можност тој да го повтори делото.​​