Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против И.Ј.(73) од село Туин, кичевско за сторено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност“.
На 12.08.2013 година во Кичево во МВР – Отсек за управни работи – Кичево, пријавениот поднел барање за издавање на уверение за жителство, при што во прилог доставил лажна изјава дека од Р.Германија се враќа да живее во Р.М.
Потоа, издаденото уверение за жителство, истиот го употребил во постапка идентификација на патничко возило, во Бирото за метeoрологија при Министерството за Економија-Скопје, со цел да ја искористи погодноста по член 24 од Законот за возила.