Хроника 21. август 2020. / 11:37

Почна судењето на актерката Силвија Стојановска

Почна судењето на актерката Силвија Стојановска

Денеска почна судењето за актерката Силвија Стојановска и нејзиниот поранешен сопруг, Воислав Будисављевиќ во Кривичниот суд.

Тие се обвинети дека зеле учество во купување и продавање на дрога – кокаин во вкупна количина од близу 700 килограми.

Актерката и нејзиниот ексспоруг, според обвинителниот акт, организирале сместување, купување, превезување на дрогата од Мадрид и барале купувачи за истата.

Обвинителството и обвинетите утре треба да ги дадат воведните зборови пред судот.