Починал затвореник од Идризово кој се лекувал на клиника. Вчера во 11 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ починал М.П.(58) од Скопје, осуденик од КПУ Идризово.
Тој бил пренесен на Клиники на 4.05.2020 со здравствени проблеми.
Од страна на доктор е констатирана смрт. Телото на починатиот е предадено за обдукција, информира полицијата.