Хроника 15. ноември 2018. / 15:06

Почина затвореник од Идризово

Почина затвореник од Идризово

Затвореник од затворот во Идризово починал во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Од полицијата информираат дека случајот кај нив е пријавен вчера. Затвореникот В.М.(54) починал околу 6:30 часот, а во Ургентниот центар бил донесен на 13-ти попладнето откако претходно му се слошило.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција во Институтот за Судска медицина.