Македонскиот спорт денеска загуби уште еден кошаркарски работник, откако на 84-годишна возраст почина Владимир Воиновски. Воиновски е долгогодишен претседател на КК Вардар, воедно и еден од основоположниците на овој клуб. Кариерата ја започнува во Вардар како дел од семејната традиција да биде дел од црвено-црното семејство.
Речиси целиот играчки век го помина во овој клуб, со исклучок на мал трансфер во Партизан, по што повторно се враќа во Вардар и тука ја завршува играчката кариера и продолжува како функционер во клубот се до неговата смрт.
Целиот свој живот го посвети на спортот и на неговата спортска љубов КК Вардар.